„Golden quarter“ во Виена - мини универзум на глобалната мода

16 април 2014

Помеѓу класиката, барокот, готиката, ренесансата и неокласицизмот во виенската архитектура, централното градско подрачје на австриската престолнина живее во чекор пред сегашноста, со најновите колекции на еминентните светски дизајнерски имиња изложени во бајковито уредените излози.

Иложбен салон на Луј Витон Иложбен салон на Луј Витон

Fashionel уживаше во искуството, барем на момент да украде дел од воздишките, неповторливоста и перфекцијата во создавањето на тој единствен мини унивезум на глобалната мода, во кој секој од највлијателните големи модни брендови има создадено свој свет, а ние ви го пренесуваме искуството преку фотографии.

Пролетен излог на Диор Пролетен излог на Диор

„Golden quarter“ е една од топ десетте најскапи и најелитни европски шопинг области каде во моментов се изложени пролетните колекции на Диор, Долче и Габана, Барбери, Шанел, Томи Хилфигер, Гучи, Армани, Луј Витон во нивните ексклузивни продавници, а листата е збогатена и со цела плејада на креатори и модни куќи кои ја предводат светската модна индустрија.

Луксузниот шопинг кварт се протега на површина од 11.500 метри, а во најава е до јуни оваа година да бидат отворени и нови изложбени салони на  Прада, Сен Лоран, како и Ботега Венета, што дополнително ја потврдува важноста на оваа шопинг дестинација.

Томи Хилфигер Томи Хилфигер

Tiffany&Co Tiffany&Co

Диор Диор

Долче и Габана Долче и Габана

Долче и Габана Долче и Габана

Гучи Гучи

Гучи Гучи

Шанел Шанел

Барбери Барбери

Џорџо Армани Џорџо Армани

Луј Витон Луј Витон

Луј Витон Луј Витон

H&M H&M

H&M H&M

H&M H&M

Објавено:
16 април 2014
Категорија: 
Актуел