Голем лов на Фаберже јајца во Њујорк

9 април 2014

Њујорчани мислеа дека е првоаприлска шега, но кога се разбудија, првоаприлското утро им донесе големо изненадување. Имено, традиционалниот лов на јајца што секоја година го одржува Faberge's Big Egg Hunt во Њујорк, трае од први до 25-ти април, а задачата на сите њујорчани ќе биде први да ја откријат тајната локација на едно од јајцата што се расфрлани низ „Големото јаболко“ и да го пријават тоа со користење на официјалната телефонска апликација.

Маркеза Маркеза

Оваа година во улога на дизајнери на јајца се јавија повеќе од 260 уметници од различни сфери на општеството, а меѓу нив и звучните имиња на Брус Вебер, Ралф Лорен, Џеф Кунс, Заха Хадиди други. Сите јајца почнувајќи од 18-ти па се до 25-ти овој месец ќе бидат изложени во  Rockefeller Center. Среќен лов!

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Актуел