Голема ретроспективна ревија ја отвори 40-та Белградска модна недела

25 октомври 2016

Со голема ретроспектива ревија, вчера беше отворено 40-то, јубилејно издание на Белградската модна недела.

Јубилејната престижна манифестација ќе трае две недели, се до 8-ми ноември кога јавноста ќе има можност да види голем број авторски модни ревии, ретроспективни изложби, модни поставки како и други интересни настани.

Спектакуларната модна ревија со која се отвори настанот е насловена „BFW Iconic Designers" и е посветена на дизајнерите чија работа се врзува со самите почетоци на Белградската модна недела.
„Бевме многу млади, полни со ентузијазам, и во тие моменти не знаевме ниту каде целиме ниту што ќе постигнеме, но верувавме во тоа што го работевме. Соработката со Модното студио „Click" за мене е посебно важна бидејќи ми беа пружени многу прилики. Преку тие соработки запознав некој нов, креативен свет. Да не зборувам дека преку тие соработки ја запознав и мојата сегашна сопруга", вели модниот фотограф, Небојша Бабиќ.

Со оваа ревија всушност се потсети на работата токму на тие луѓе чиј ентузијазам, талент, креативност и упорност, ја поставија основата на овој важен проект или значајно придонеле за неговиот развој. А помеѓу нив се и: Александар Протиќ, Ана Љубинковиќ, Бата Спасојевиќ, Верица Ракочевиќ, Јасмина Санадер и уште многу други познати дизајнери.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
113 пати