Голи жени како протест кон Доналд Трамп

12 октомври 2016

Во јули, повеќе од 100 - тина жени се појавија во Кливленд пред изгрејсонце со цел да позираат на уметникот Спенсер Туник во неговата инсталација наречена „Се што таа вели тоа и го мисли“.

Тие се соблекоа голи во Quicken Loans Arena каде и се одржа Републиканската конвенција, држејќи огледала над своите глави.

Оваа недела Туник го објави своето видео од тој настан преку форма на документарец, а сѐ со цел да се дополни приказната за нивниот кандидат Доналд Трамп кој веќе има проблем со сексизмот, со начинот на кој ги третира жените. Велат дека ова е совршен тајминг за прикажување на овој краток документарец.

Туник ќе рече дека е крајно време да се спротистават на човекот кој нема никакво почитување кон жените и тоа го демонстрира и преку неговите зборови, но и дела. Голото тело е само симбол на ултимативна слобода и вистина. Овој краток филм е важен затоа што ја демоснтрира храброста, моќта и идентитетот.

Во продолжение погледнете го видеото.

Извор: Elle.com 

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.501 пати