Гордеј се Македонија – Тамара ни донесе одличен пласман на Евровизија!

19 мај 2019

Македонија има за што да биде горда вечерва! Тамара и нејзиниот тим ѝ го донесоа најдобриот пласман досега на нашата земја на Евровизија!

Со „Proud" Тамара напиша историја!

Во текот на целото гласање Северна Македонија беше на врвот, а заврши на осмото место со вкупно освоени 295 гласови, што е најдобриот пласман на нашата земја на Евровизискиот избор досега.

Силната порака и моќниот глас на Тамара беа совршената комбинација што ги освои симпатиите на Европа. За нас морален победник е Тамара!

Но, сепак Холандија е земјата официјален победник на годинешниов Избор на песна за Евровизија, со „Arcade" во изведба на Данкан Лоренс.

Возбудлива вечер за евровизиската публика, а особено за македонската. Независно од крајниот пласман на нашата земја, Тамара горди сме на тебе и на твојот тим!

„Proud" е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

 

Објавено:
19 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.147 пати