Модниот бренд Барбери ќе биде награден со едно од највисоките признанија на 22 - ри следниот месец доделено од градот Беверли Хилс. Станува збор за наградата Rodeo Drive Walk of Style Award.
Колекција Барбери, пролет - лето 2015
Манифестацијата која се одржува од 2003 - та година во организација на градот Беверли Хилс и комитетот на Родео Драјв, оваа година реши да почести поединци и модни куќи кои со својата работа имаат значителен придонес за светот на модата во поглед на дизајнот.
Изминатите години со вакво признание се закитија: Валентино Гаравани, Џорџо Армани, Мисони, Марио Тестино и Том Форд како и принцезата Грејс од Монако и Салваторе Ферагамо на кого наградата му беше доделена постхумно.
Наградата на модната куќа Барбери за особен придонес во светот на модата ќе и биде доделена на 19 – ти ноември.