Груба критика на Каролина Херера за Њујорчани: Вашиот стил е катастрофа!

3 септември 2014

Американската дизајнерка Каролина Херера има неколку лоши зборови кога станува збор за опишување на стилот на луѓето од улиците на Њујорк, а тоа се: „ужасни“, „лошо облечени“, и „многу, многу лошо облечени“. Пред стартот на модната недела во Њујорк, дизајнерката открива што мисли за уличната мода во градот кој го нарекува свој дом.

-Ако се погледне на луѓето што шетаат низ улиците на градот, многу лесно ќе се заклучи дека нивниот стил на облекување е ужасен! Никогаш во животот не сум видела толку многу луѓе облечени лошо. Не знам зошто и што се случува, но навистина е без никаков вкус. Додека чекав во градскиот сообраќај гледав во луѓето и си помислив „што се случува тука, сите носат погрешна облека?“.

Со оваа навреда Херера јасно и гласно се изјасни дека модната култура од „Големото јаболко“ е на најниското ниво, барем според неа.

-Кога сте многу млад и имате убава фигура за своите години не треба премногу да се залетувате и да мислите дека секој тренд ви прилега. Младите се повеќе носат парчиња кои воопшто не прилегаат на нивната конституција. Млади се да, но сепак претеруваат со облекувањето  трендовски парчиња во кои изгледаат смешно и секако невкусно. Најголема забелешка имам за девојките што носат премногу кратки здолништа и шорцеви што не им прилегаат, остро завршува Херера.

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Актуел