•
13 мај 2021
Технологијата нуди безброј можности и помогна буквално да не застане баш се', но сепак, многумина од модниот свет копнеат по класична ревија со публика и писта.
Е токму таква најави и модниот бренд „Гучи“.
View this post on Instagram
Како пренесува модниот сајт „Фешниста“, креативниот директор на куќата, Алесандро Микеле, ќе ја претстави новата колекција пред публика.
Се работи за нова колекција, чија презентација ќе се случи на есен, во Лос Анџелес, како дел од отворањето на фестивалот „LACMA Art+ Film“, за кој пак, ова ќе биде јубилејно десетто издание.
View this post on Instagram
За сега нема податоци што го инспирирало Микеле за новата колекција и какви парчиња да очекуваме, но имајќи го предвид успехот кој го создаде со модната формула која вклучува винтиџ, ретро и еклектичен моден израз.