„Гучи“ не е веќе најпопуларен бренд во светот

21 октомври 2021

Италијанскиот бренд „Гучи“ не е веќе најпопуларниот во светот - ова е резултатот од истражувањето на Lyst Idex, за последниот квартал годинава.

Очигледно дека после две дигитални сезони, одржувањето на настаните во живот внесе промена меѓу консументите на модата.

Така, „Баленсијага“ се искачи дури за пет места и го спушти „Гучи“ на второто место.

Според истражувањето, во ова многу им помогнала последната ревија на црвен килим и специјалната епизода со „Симпсонови“, како и соработката со Канје Вест за албумот „Донда“, првата колекција од Висока мода после 53 години. Секако, за вакво искачување придонесува и Мет Галата и Ким Кардашијан и Ријана кои носеа нивни креации, мошне впечатливи.

Од друга страна, „Гучи“ оваа сезона не направи ревија во живо, што може да биде и затишје пред бура. 

Третото место му припаѓа на „Диор“.

Инаку, интересно дека најпопуларно модно парче во третиот квартал годинава е хекланата торба на „Прада“. На второ место се Medusa Aevitas платформите, додека на трето место се папучите на „Ботега Венета“ од фротир.

Целата листа можете да ја погледнете на линкот тука.

 

Објавено:
21 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.394 пати