•
25 декември 2018
Познатата германска манекенка Хајди Клум се вери со нејзиното 16 години помладо момче Том Каулиц, гитарист од бендот Токио Хотел.
Getty Images
Веста за свршувачката таа ја објави со фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на која го покажа прекрасниот дијамантски прстен со кој Том ја побарал за жена.
На црно – белата фотографија што ја објави манекенката, можеме да ги видиме двајцата насмеани во силна прегратка.
View this post on Instagram
Музичарот и манекенката за прв пат се појавија заедно во мај на филмскиот фестивал во Кан, а почнаа да се состануваат нешто пред тоа.
Ова ќе биде трет брак за манекенката и втор за гитаристот, откако претходно Хајди беше долги години во брак со познатиот пејач Сил со кој има три деца.