Хајди Мидлтон и Сара Џејн Кларк го напуштија брендот Sass&Bide

8 јули 2014

Хајди Мидлтон и Сара Џејн Кларк од Сиднеј зад себе оставаат богато наследство и голем број модни парчиња кои се дефиниција на нивната креативна работа. Во официјалното соопштение од брендот, покрај потврдата на информацијата за напуштањето на работните позиции на двете дизајнерки, се наведува дека и во иднина ќе продолжат да работат со исто темпо, продолжувајќи ја успешната приказна создадена од Хајди и Сара.

Модните дизајнерки во 2011 година продадоа 65% од акциите на Sass&Bide, а минатата година го продадоа и остатокот од акциите, но сепак останувајќи на функцијата креативни директори. По нивното заминување, креативното водство во брендот го  превземаа Ентони Катбертсон и Бони О’Хара.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Актуел