Хари Стајлс е првиот маж на насловна на „Вог“ и тоа во фустан

18 ноември 2020

Познатиот британски пејач, Хари Стајлс е новото лице на магазинот „Вог“. Ова во модните медиуми е проследено како голема вест, бидејќи тој е првиот маж во историјата на списанието кој се нашол на насловна страна на списанието кое постои веќе 127 години.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Но, тоа не е единствената причина поради која Стајлс го привлече вниманието на јавноста.

Имено, тој на насловната фотографија позира во фустан со тантела, преку кој носи широко сако, комбинација од женската колекција на брендот „Гучи“..

На останатите фотографии кои го следат текстот, Хари носи килт, женски капут, но и здолниште од тул. Во интервјуто за декемвриското издание на „Вог“ зборува токму за модата и како границата помеѓу машката и женската мода треба да се избрише.

„Уживав додека се фотографирав во женска облека. Не се плашам да им пркосам на родовите стереотипи кога е облекувањето во прашање. Кога бирам која облека ќе ја носам, сакам да експериментирам, да си играм со различни стилови и пред се', добро да се забавувам. Постои облека за жени и облека за мажи. Ако одлучите да не постои бариера помеѓу нив, ќе си отворите еден сосема нов моден свет во кој се' е возможно“, објаснува пејачот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Тој додава дека пејачите кои му биле пример - Принц, Дејвид Боуви, Елвис и Фреди Меркјури, како и Елтон Џон, биле вистински шоумени, а нивната облека била неверојатна.

„Сега кога ќе облечам нешто екстравагантно, не се осеќам необично, лудо што го носам... Облеката е за да се забавуваме и да експериментираме со неа. И генерално, оваа година ми покажа дека, време е да бидеме поотворени, да учиме и да слушаме. Се трудев да читам и да се едуцирам, и во 20-тите еве се уште ги учам да ги правам вистинските работи и да ги преземам вистинските чекори. Верувам во карма и верувам дека е вистинското време кога можеме да покажеме повеќе емпатија и нежност, трпение со луѓе, да бидеме малку повеќе подготвени да слушаме и растеме“, порачува пејачот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

Објавено:
18 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
449 пати