Харви Вајнстајн осуден на 23 години затвор!

12 март 2020

Судот на Менхетен Њујорк, вчера го осуди поранешниот продуцент Харви Вајнстајн на 23 години затвор. Казната е за сторени две кривични дела - силување и сексуално насилство.

Неговите адвокати побараа минимална казна од пет години, но судијата Џејмс Брук и поротата сметаа дека тоа е премалку. 

Пред изрекувањето на пресудата, судијата го сослуша обраќањето на продуцентот, како и на двете жени кои го обвинија за сексуално злоставување. Актерката Џесика Ман го обвини за силување во 2013 година, додека неговата поранешна асистентка, Мирјам Халеј го обвини за присилување на орален секс и обид на силување во 2006 година. Продуцентот ја користел својата моќ и влијание за да им пристапи на жртвите, а потоа и да ги направи злосторствата.

„Вајнстајн се само што го одзеде моето достоинство како човечко битие и жена, туку и ја намали мојата самодоверба и вербата во себе“, изјави неговата асистентка.

За потсетување, во 2017 година оформено е движењето  #MeeToo каде се пријавија сите жени кои се сексуално нападнати или злоставувани, а имаат јавна професија.

Конкретно, за Вајнстајн повеќе од 80 жени рекоа дека ги силувал или извршил сексуален напад. Аџелина Џоли, манекенката и актерка Кара Делевињ, Селма Хаек, Гвинет Палтроу, Џесика Барт, Ума Турман, Роуз Мекгаун, Росана Аркет се само дел од познатите личности кои беа најгласни во ова движење.

Вајнстајн вчера се пожалил на болки во градниот кош. Затворот во Њујорк ќе биде неговата нова адреса, каде што ќе помине низ сите потребни процедури.

 

 

Објавено:
12 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
514 пати