Хејли Хаселхоф настапи на ревија за подршка на моделите со облини

18 февруари 2014

Ќерката на познатиот Дејвид Хаселхоф, Хејли во петокот настапи на отворањето на модното шоу кое не е во директна врска со лондонската модна недела.

„Тоа што крупните модели се нарекуваат plus-size не остава добар впечаток. Се работи за девојки и жени со облини, во сите големини и облици. Се надевам дека еден ден ваквите настани ќе имаат еднаква популарност како и обичните ревии на модните недели“ – изјавила Хејли која од својата 14 година се бави со манекенство, а од неодамна се врати на модните писти, откако направи пауза поради часовите по глума.

„London Plus Size Fashion Weekend" се одржува втора година по ред, а познатиот Дејвид Хаселхоф мораше да го откаже присуството поради работни обврски, па не се појави да даде јавна подршка за иницијативата на својата ќерка. Но Хејли сепак не била навредена туку изјавила – „Сеедно ми е дали е тука или не. Тој е секогаш во моето срце“.

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Актуел