Хермес за прв пат дизајнираше велосипед

22 октомври 2013

Француската модна куќа Хермес го претстави својот прво дизајниран велосипед. Оваа ултра лесно превозно средство е достапно во три бои, црна, црвена и бела и тоа во два модели, Le Flâneur d'Hermès i Le Flâneur sportif d'Hermès. Седиштето е прекриено со кожа како и рачките. Велосипедот рачно се произведува во Франција, а Хермес најде мајстори во изработката, кои не само што создаваат декоративен велосипед туку и функционален, подвижен и елегантен.

 

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Актуел