Хит Лего мода – луксузните модни додатоци изработени од лего коцки

28 ноември 2023

Новиот хит на Лего коцките – луксузни модни додатоци.

Познати брендови на чанти и часовници, како Шанел, Гучи, Версаче, Еремес сега имаат нова димензија благодарение на Лего.

Но, сепак мора да ве разочараме дека сепак се работи за дизајни на вештачката интелигенција, зад кои стои 33-годишниот уметник Рикардо, а неговата работа се темели на реинвенција на дизајни на добро познати брендови.

Овојпат неговата идеја да направи спој меѓу Лего и луксузните брендови, наиде на големи симпатии. Дури неговите креации беа објавени и на официјалните профили на социјалните мрежи на Harpre's Bazaar.

„Вештачката интелигенција нуди нови можности и креативни опции во модниот свет, а мене ми служат и за забава", вели уметникот во интервју за red-eye.world.

 

Објавено:
28 ноември 2023
Категорија: 
Актуел