H&M го сака Рим: нова грандиозна продавница на улицата Via del Corso

26 октомври 2013

Лоши вести за вашите кредитни картички, но добри за вас. Станува збор за новата грандиозна продавница на четири ката на брендот H & М во градот на светлината Рим, лоцирана на добро позната улица Via del Corso. Објектот е поделен на машки, женски и детски оддел. Продавницата дефинитивно е најголемата која постои во Италија и има капацитет да собере 1000 купувачи, а спектакуларното отворање се случи вчера вечер 25 октомври.

 

 

Четири ката, всушност 4000 квадратни метри во историската зграда која неодамна беше реставрирана од страна на архитектот Масимилијано Фуксас, во која тој направи една револуција кога е во прашање градбата, вметнувајќи стаклена конструкција која се провлекува низ катовите во вид на стаклена чаша која што беше и целта на архитектот. Настанот го проследија голем дел јавни и славни личности, како и голем дел на граѓани кои не можеа да и одолеат на мегаломанската необична градба.

 

 

На прашањето зошто токму Рим е избран како локација за отворање на една толку голема продавница која воедно е и предводник во ланецот продавници на H & М, менаџерот Ден Нордстром вели:

 

Ден Нордстром

 

„Затоа што кога ќе се најде локација како оваа во срцето на самиот град не можете да ја пропуштите можноста. Секогаш поминувате или се враќате овде. А и кажете ми каде во која друга продавница овде можете да најдете фустан кој ќе чини 29.90 евра, а сепак е модерен, квалитетен и тренди“.

 

 

Во продавницата ќе работат 126 луѓе дел мажи, дел жени кои ќе мораат да го почитуваат етничкиот и моралниот код на однесување кој го има воспоставено фирмата во сите свои продавници. Еве дел од атмосферата и гостите кои беа дел од ова гламурозно отворање:

 

 

&

 

Објавено:
26 октомври 2013
Категорија: 
Актуел