H&M и Џеф Кунс ја претставија новата соработка

12 јуни 2014

Ентериерот на продажниот салон ќе биде како уметнички музеј, а целиот проект ќе биде наговестување за ретроспективата на Кунс, која ќе биде официјално отворена со изложба на 27 јуни. Џеф Кунс за остварената соработка со H%M, креирал чанта со принт од неговата позната скулптура „Balloon Dog“, која ќе се продава по цена од 49, 95 долари во бутиците на брендот и во музејот Whitney, каде што ќе биде и самата изложба.

Портпаролот на брендот изјавил дека ова е прв пат H&M да соработува со Џеф Кунс и да ја спонзорира изложбата во САД и дека за нив ова е еден од најважните проекти годинава.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Актуел