Денеска шведскиот гигант H&M ја откри својата нова, ексклузивна дизајнерска соработка.
Традиционално оваа модна етикета секоја година договара соработки со дизајнери од различни модни куќи и со различни профили, а оваа година продолжува со Ердем.
Фото: H&M
Ердем за H&M креираше целосно нова колекција за жени и за прв пат креираше и машка колекција.
„Многу сум среќен за соработката со H&M и што можам повторно да ја истражувам својата работа на целосно нов начин, вклучувајќи ја и колекцијата наменета за мажи, облека која никогаш претходно не сум ја создавал", вели дизајнерот.
Како најава за колекцијата веќе е направено кратко видео во кое се откриваат дел од парчињата, а го режираше познатиот австралиски режисер Баз Лурман.
Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на втори ноември.