H&M ја повлече детската колекција поради плагијат

31 јануари 2014

Но овој пат брендот наиде на отпор поради копирање на модели од помалку познатата шветска дизајнерка и илустраторка, Камила Лундстен.

Креаторката својата детска колекција ја има базирано според серијата книги „Littleplants“ но кога видела дека постои голема сличност со облеката од модниот бренд H&M таа се обидела да стапи во контакт со нив, но не добила одговор. Токму затоа превзела подрастични мерки и ја објавила фотографијата на Инстаграм. По објавувањето на сликата, веднаш добила одговор од одговорните лица на брендот кои и се извиниле и кажале дека веднаш ќе ја повлечат колекцијата.

Лицето за односи со јавност Камила Емилсон Фалк потврди дека компанијата ја повлекла спорната облека, но и дека Лундстен не пристапила на одговорен начин кон целата проблематика. „Не е точно дека ја игнориравме нејзината порака со денови како што објавија неколку медиуми.  Проблемот е што нејзината порака не стигна до вистинските луѓе. Но кога дознавме веднаш стапивме во контакт со неа. Ние се извинуваме и одлучивме веднаш да ја повлечеме колекцијата“ – изјави Камила.

Сепак Лудстен не е задоволна само со извинување и повлекување на колекцијата. „Брендот ја продаваше колекцијата месец дена и сигурно имаат многу заработено од неа. Токму затоа сметам дека е потребно да добијам паричен надоместок“ –изјави Камила.

Дизајнерката смета дека авторските права во ЕУ воопшто не се заштитени и дека овој случај може да подигне дебата за во иднина да се спречат ваквите плагијати.

Тори Ла Консеј која се занимава со уметност имаше спор со брендот во 2012 година бидејќи тие ги искористија нејзините графики кои беа објавени на џамбо плакати во Атланта, на кои пишуваше „You look nice today“ и „ I’m so happy you’re here“ кои беа ставени на маици и чанти од H&M. Брендот на почетокот не попушташе, но потоа и одреди три илјади долари кои беа префрлени на сметка на организацијата во Атланта каде што беа истакнати плакатите.

Минатиот август, фотографот Естеван Ориол го тужеше брендот поради користење на сликата „L.A. Fingers“ од 1995 година без негова согласност и на неодредена сума.

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Актуел