H&M ја претставија првата колекција дигитална облека

18 јануари 2022

Пред неколку месеци Марк Цугерберг ја претстави Мета, новото име на компанијата која досега беше позната како „Фејсбук“, а со која најави и влегување во метауниверзум, односно создавање на единствен дигитален простор за луѓе.

Се работи за простор во кој престојуваме дигитално, а во кој со појава на NFT може да тргуваме со различни предмети, во рамки на одредени игрици, но и со облека.

На дел од модните брендови не им требаше многу убедување, па веднаш станаа дел од тој метауниверзум - „Баленсијага“ со колекцијата „Fortnite“, „Гучи“ со Garden pop up продавницата Robloxu, „Каролина Ерера“ со дигитални парчиња кои за нив ги креираше хрватскиот „Тribute Brand“, а кои можат да се пробаат во рамки на нивната апликација специјално креирана за оваа намера. Во метауниверзумот се и Ралф Лорен, Томи Хилфигер, Жан Пол Готје, а од пред неколку дена и шведскиот бренд H&М, со што стана првиот уличен бренд кој влезе во сферата на дигитална облека.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm)

За да го опипаат пулсот за интерес, тие создадоа колекција од три виртуелни парчиња и тоа во соработка со платформата Dress X  и актерката Мејси Вилијамс, која е и заштитно лице на проектот. 

Парчињата не се на продажба, но до 31 јануари имаат натпревар преку кој можат да се освојат парчињата. Имено, бараат имиња за нивните модели, па оние што ќе предложат најкреативни и чии предлози ќе бидат одбрани ќе го добијат парчето за кое учествувале, а споменатата платформа ќе им овозможи на победниците да ги „облечат“ парчињата кои ги освоиле, изработени по нивни мерки, односно направени според фотографијата која учесниците ќе ја испратат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm)

Можат да учествуваат само жителите на САД, Индија, Франција, Германија, Британија и Јапонија. 

Покрај тоа да се биде во чекор со новото време, што веруваме за сите е уште малку збунувачко и нејасно, ова е уште еден начин за брендот да прати порака за новото работење кое во фокус ја става одрживоста.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm)

 

Имено, за дигиталните парчиња нема да има производство во физички облик, нека пакувања, достава и одговараат на сите облици на тела.  Сепак, се работи за сосема поинаква и нова категорија која баш и не може да се споредува со одржливоста при работењето на физички достапни парчиња облека. 

Објавено:
18 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
270 пати