H&M отпатува во Токио за новата есенска кампања
•
22 септември 2017
Токио беше најсоодветната дестинација за снимањето на новата есенска кампања на H&M затоа што темпераментот на овој град е олицетворение на новата сезонска колекција на шведскиот гигант.
Динамична и еклектична, инспирирана од модата во 80-те години, ова е линија во која доминираат нагласените рамена, мини здолништата и предимензионираните џемпери.
Создадена е интересна комбинација помеѓу гламурозниот изглед и духот на уличната мода, со бесконечни можности за меѓусебно комбинирање на парчињата.
Акцентот е ставен и на џемперите и маички со натписи, што оваа есен се една од носечките тенденции.
Фото: H&M