Продолжувајќи ја традицијата да соработува со познати дизајнери, H&M со гордост ја најави соработката со Симон Роша. Колекцијата ќе се состои од женска, машка и детска гардероба. Ова е прв пат за ирската дизајнерка Роша да изработува колекција за целото семејство, а и прв пат за H&M да соработуваат со ирски дизајнер.
View this post on Instagram
Секоја колекција (машка, женска и детска) ќе содржи широк спектар на парчиња, од формална до секојдневна облека, како и накит со бисери, кои претставуваат заштитен знак на дизајнерката.
Бисерите се заштитен знак на дизајнерката
Се очекува колекцијата да биде исполнета со различни силуети, материјали, украси и влијанија кои го дефинирале нејзиниот дизајнерски свет, а воедно најавени се и обработки на некои нејзини постари парчиња со нов печат. Така, дизајнерката сака да го сврте вниманието кон некои клучни парчиња од нејзините досегашни колекции кои го одбележаа брендот.
View this post on Instagram
Видеото кое беше објавено, како и дел од фотографиите, јасно покажуваат влијание од епохата на Хенри Тјудор, диви цветови, портрети, фотографии, кукли и играчки. Се забележува тартанот, бисери, цветови, розови и црвени ткаенини, како и материјали и принтови специјално изработени за оваа соработка.
Дел од снимањето на видео најавата
Колекцијата ќе биде во продажба на 11 март, а токму тогаш Роша ќе прослави јубилеј од 10 години постоење на својот бренд.
Дизајнерката ја искажа својата возбуда поради соработката со H&M, наласувајќи дека се’ уште има пар чизми од колекцијата Lanvin X H&M, во плакарот во нејзината детска соба во куќата на родителите во Даблин.