H&M со забава по повод пролетната еко колекција

24 март 2014

Комерцијалниот бренд H&M им кажа добредојде на повеќе славни холивудски дами, кои неодамна присуствуваа на забатата во Каливорнија, по повод лансирањето на новата пролетна еко колекција. Кејт Мара, Еми Росум, Софија Буш и Памела Лов, беа само некои од почитувачите на H&M, кои автентично и придадоа значење на забавата облечени во последните најнови еко креации.

Софија Буш и Кејт Мара Софија Буш и Кејт Мара

-Фустанот од тантела што го носам е од последната колекција, а уште кога го видов од лукбукот си реков дека ќе биде добро ако се уште некоја славна личност не го носела, па првата да бидам јас, изјавува Софија Буш.

Освен за естетиката сите присутни не се штедеа да изјават и дека им е драго што еден бренд се повеќе се стреми кон совесна изработка на облеката, а изборот на материјали е секогаш еко, што е добро како за здравјето така и за целокупното општество. Тие велат дека повеќе брендови треба да се насочат токму кон свесниот и одговорен дизајн.

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Актуел