H&M злоупотреба или?

10 ноември 2014

Претставниците на модниот бренд негираат било каква поврзаност со контроверзното видео, кое деновиве предизвика шок и голем број негативни коментари на социјалните мрежи.

Краткото видео кое го снимаа Карл Џејкоб Хопт и Дејвид Курт од продукцијата „Dandy Diary“ било направено за да се прикаже како се шие колекцијата на Александар Ванг за H&M. Видеото е снимено во руинирани простории, каде млади момчиња шијат етики со познатото лого на брендот. На крајот од видеото едно од момчињата изјавува – „Чест ми е да бидам дел од соработката на Александар Ванг со H&M“.

Шведскиот бренд негира било каква вмешаност со ова видео, притоа истакнувајќи дека политиката на H&M се заснова на Конвенцијата на ОН за правата на децата и Меѓународната организација на трудот.

„Видеото е лажно. Колекцијата на Александар Ванг беше шиена во Кина, Турција и Италија, а не во Индија. Етикетите за оваа колекција се целосно во црна боја, а не комбинација и црна и бела, како што може да се види во видеото“ – изјавија од брендот.

Иако за колекцијата на Ванг за H&M постои голем интерес, сепак видеото на германското дуо предизвика бура од негативни критики, во период кога истата е лансирана во јавноста, а дали лошата реклама ќе влијае на продажбата, останува да видиме понатаму.

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Актуел