Холандската кралица Максима наполни 50 години и изгледа неверојатно елегантно 

19 мај 2021

Кралицата на Холандија, Максима, деновиве го прослави својот 50-ти роденден. Покрај низата активности кои холандското кралско семејство ги организираше по повод роденденот на Кралицата, беа објавени и три фотографии од неа, кои ги сликаше нејзиниот сопруг, Кралот Вилем- Александер. 

На фотографиите, една од најстилските кралски личности во светот, насмеано позира гледајќи во камерата. Кралицата Максима носи крем џемпер ролка со прекрасни кремави обетки во форма на цвет.

На една од фотографиите се појавува и со карирано палто, а нејзиниот стајлинг совршено се вклопува во амбиентот на градината на кралскиот двор каде е фотографирана.

Објавено:
19 мај 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
679 пати