„Холивуд Репортер“ има моќна насловна страна

14 ноември 2019

Магазинот „Холивуд репортер“ вчера ја претстави насловната страна на најновото издание. Шест познати актерки и моќни жени зборуваа на „тркалезна“ маса за третманот на жените во филмската индустрија -Лора Дерн (52), Лупита Нјонго (36), Скарлет Јохансон (34), Џенифер Лопез (50), Рене Зелвегер (50) и Аквквафина (30).

Секоја од нив сподели ситуација во која се почувствувала непријатно или кога реагирала на нечие однесување, а во контекст на сексизам и деградирање на жените.

Џенифер Лопез раскажа ситуација дека режисер побарал од неа да се соблече, надвор од снимањето.

„Сакаше да ми ги види градите. Му реков: „Не сме на сет“. Го одбив, се заземав за себе. Но, се сеќавам дека целата бев во паника. А патем, во собата беше и костимографката, значи со мене имаше уште една жена и тој немаше проблем да го побара тоа од мене, но јас реков не. Се разбуди Бронкс во мене и му реков: Не морам да ти ги покажувам градите. Не. На сет, ќе ги видиш!

Сите шест разговараат на иста тема и се надополнуваат. Тоа што го кажуваат е поткрепено со едноставни, но впечатливи фотографии.

А целиот разговор можете да го прочитате ТУКА.

 

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
553 пати