Храбра блогерка ивалид е дел од новата кампања на Дизел

24 јануари 2014

Со превземањето на функцијата креативен директор на Дизел, Никола Формичети најави големи промени кои полека почна да ги исполнува. Новиот проект на италијанскиот бренд за пролет – лето 2014 година како основа го зема бунтовниот став.

За потребите на овој проект ќе бидат вклучени 23 модели од разни земји, а она што посебно се издвојува е учеството на 23 годишната блогерка Џулиен Меркадо за која дизајнерот е посебно горд што прифати да биде дел од овој новата кампања

„На Џулиен не и е лесно кога треба да тргне од точката А за да стигне до точката Б, но таа е тотално бестрашна“ – истакна Формичети и додаде – „Не мора да бидете комерцијален модел за да бидете дел од некоја рекламна кампања“.

Објавено:
24 јануари 2014
Категорија: 
Актуел