Хрватската модна недела ќе се одржи во тунел

29 септември 2016

Покрај традиционалните места на одржување на модните ревии во рамки на BIPA FASHION.HR, оваа година две ревии ќе се одржат во еден од најпознатите тунели во Загреб, тунелот Грич.

Истиот е изграден за време на Втората светска војна кога служел како засолниште, а по реконструкцијата од страна на градот Загреб, истиот се користи за различни настани, изложби и други активности.

Оваа сезона продукцијата на хрватската модна недела оди чекор погоре и сите присутни ги носи на место кое дефинитивно нема да го заборават.

Тајниот тунел во срцето на градот беше избрана како совршена локација за ревиите на Ана Марија Рицов и Marina Design со кои ќе се отвори модната недела.

Модната недела продолжува во павилјонот 5 на Загрепскиот велесаем, каде со нови колекции ќе се претстават вкупно 12 дизајнери меѓу кои и популарните Роберт Север, Ивица Скоко, eNVy room, ELFS и уште неколку други.

Хрватската модна недела годинава има и многу новини, а најголема е Viber Chat во живо за време на модните ревии и уште неколку други интересни новини кои повторно ги носат чекор напред.

Објавено:
29 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
143 пати