Модниот бренд „Баленсијага“ одлучи да преземе нешто во врска со еколошката криза во Австралија. Пожарите уште од септември месец не стивнуваат, а потресени од актуелните случувања, тимот на споменатиот бренд одлучи на направи хуманитарна колекција.
Составена е од дуксери и маици со кратки ракави со мотиви на коала. Цената на парчињата изнесува 350 евра, а сите средства од продажбата ќе се донираат за борба за заштита токму на овие загрозени животни, кои како последица од оваа катастрофа, останаа без 30% од популацијата.
Дуксерите и маиците се достапни на онлајн страната на брендот.
Инаку, групацијата „Керинг“ во која освен „Баленсијага“, ги има за членови и „Гучи“, „Сен Лоран“, „Ботега Венета“, „Александар Меквин“, „Бриони“ и други, а кои ги здужија силите на аукција, после која донираа милион австралиски долари за борба против пожарите.
Од групацијата најавија дека ќе има и следни хуманитарни акции, како помош за обновување на нарушената природа.