Хуманитарни акции: Од дизајнери за дизајнер

7 мај 2015

ornela-360x540

Македонските дизајнери се обединуваат во хуманитарна акција. Под мотото Designers for Designer (Од дизајнерите за дизајнер) претстојнио викенд, 9-ти и 10-ти мај во Lotus Design Store, познатите македонски дизајнери ќе ги продаваат своите креации со хуманитарна цел.

lotus-design-store-skopje-(by-bojana-trajkovska)

Сите собрани средства од продажбата, ќе бидат наменети за лекувањето на младата дизајнерка Орнела Јордановска, која се лекува од Рак на лимфни жлезди.

Дадете свој придонес во борбата за живот на талентираната Орнела и одберете уникатно парче од дизајнерите Лидија Георгиева, Тања Кокев, Никола Булевски, Ристо Бимбилоски, Никола Ефтимов, Елена Лука, Мила Кадриу, Христина Деспотовска, Роберт Ивановски , Милена Атанасова, Маја Кикириткова, Ненад Секирарски, Тамара Штерјова, Ивана Цветковска, Гордана Вренцоска и Lotus Lounge Chair.

11193320_10205659895328184_3742568055301601870_n

Инаку, и Европскиот Универзитет организира своја акција исто така за помош на младата Орнела. Во периодот од 7-ми до 9-ти мај, во фоајето на  Драмскиот театар во Скопје, Факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ, ве кани на хуманитарна изложба. Целта е да се донираат средства за нивната драга колешка, а истите ќе бидат овозможени со откуп на изложените дела.

Да и' помогнеме сите!

Објавено:
7 мај 2015
Категорија: 
Актуел