И мажите добија место за пресоблекување бебиња во тоалетите

22 јуни 2019

Откако неодамна Донте Палмер објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа како му облекува пелена на неговото дете клечејќи на под во машки тоалет, неговата порака за кратко време стана вирална.

Фотографијата се прошири до толку што стигна и до познатиот музичар Џон Леџенд кој презема конкретни мерки за оваа фотографија никогаш повеќе да не се повтори.

Во партнерство со Памперс, пејачот успеа да обезбеди 5.000 пресоблекувални кои ќе бидат поставени во машки тоалети во разни локали низ Америка и Канада. Како што кажа, ова е само почеток на нешто што треба да биде нормално во секој машки тоалет, а за оваа цел имаат отворено и сметка за донирање средства.

Откако Палмер ја објави фотографијата, многу татковци посочија дека се соочуваат со истиот проблем кога се сами со своите деца и не можат да влезат во женските тоалети каде единствено ги има овие пресоблекувални.

Нивната порака беше и повеќе од јасна – грижата за детето не е само на мајката, па токму поради тоа и ним треба да им се обезбедат соодветни услови за истото.

Пејачот проектот го реализираше на Денот на татковците, за што многумина ќе кажат дека ова не треба да е подарок само за овој ден, туку да биде нешто сосема нормално бидејќи никој не смее да помисли дека само мајките треба да пресоблекуваат пелени или да прават било што друго поврзано со грижата на детето.

Како што кажуваат и татковците кои одговорија на предизвикот со фотографија од она со што се соочувале, многу често тие морале да замолат некоја жена да ги одведе нивните дечиња во тоалет, без разлика дали ќе биде за промена на пелена или пак за да извршат нужда.  

Погледнете го одличниот проект на пејачот и фотографиите објавени од татковци ширум светот.

Инфо и фото: Bored Panda

Објавено:
22 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
251 пати