И Неделата на висока мода се сели дигитално

29 мај 2020

Претстојното издание на Париската модна недела на висока мода за прв пат ќе биде прикажано дигитално.

Очекувано „Fédération de la Haute Couture et de la Mode" земајќи ги во предвид сите околности како последица на пандемијата, одлучи најекстравагантното модно шоу кое е закажано за 6 до 8. јули, да се прикаже во дигитален формат, со што ќе има можност да го проследи и пошироката јавност.

Photographed by Corey Tenold

Прилагодени на новиот концепт, ревиите редоследно ќе бидат прикажани преку видеа.
Но, освен исклучокот од стандарната платформа на презентација, исклучок и од учество ќе направат неколку луксузни модни куќи.

Меѓу нив и Armani Prive и Жан Пол Готје, кои најавија дека своите презентации ќе ги одложат за јануари, додека Живанши во моментот е без креативен директор. Меѓу оние кои го откажаа своето учество оваа сезона е и Баленсијага, што требаше да дебитира под креативно водство на Демна Гвасалија.

Остатокот од „haute couture" колекциите на модната елита меѓу кои и Версаче, Валентино, Ели Саб, Шанел, Диор, Скјапарели, ќе имаме прилика да ги гледаме виртуелно.

 

Објавено:
29 мај 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
227 пати
Тагови: 
висока мода