И за Гучи и Ив Сен Лоран не е веќе како што беше

22 февруари 2014

atmosphere-Gucci-Sydney-Store-Launch00573

Француската компанија за луксузни производи Керинг, која всушност претставува конгломерат за контрола на брендовите како Гучи, Ботега Венета, Стела Мекартни, Александар Меквин, Кристофер Кејн... се соочи со преполовен нето профит во споредба со претходната година. Причините за тоа се пренасочување на фокусот на групацијата на брендовите, меѓу кои Гучи и Ив Сен Лоран.

Нето профитот на Керинг минатата година е намален на 49,6 милион евра од милијарда евра од 2012 година. Причините се вонредните трошоци поврзани со повлекување на компанијите од малопродажба и интернет порачки и фокусирање на најлуксузните производи и пазар, велат од компанијата.

Овој пад на профитот е невообичаен за францускиот сектор на луксузна роба, па затоа и најмногу се одрази на глобалните светски брендови. Така, профитот на Гучи е намален за 5,5 проценти, а на Сен Лоран дури 17,8 проценти.

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Актуел