Игра на фустани на Гвендолин Кристи и Вивијан Вествуд

22 јули 2015

Дизајнерката Вивијан Вествуд развива нова модна тема, со наслов Gender-neutral (Неутрален род), а за лице кое совршено би се совпаднало во оваа приказна ја одбра актерката Гвендолин Кристи, актуелна со улогата Бриен од Тарт во „Играта на престоли“.

Вествуд сака да прикаже, како вели, унисекс колекција и да ја „стопи“ границата помеѓу машката и женската мода.

-Панталони за жени, да! Исти фустани за мажи и жени? Направете го тоа! Процесот вклучува многу пробни парчиња и грешки. Фустани без женска половина! Но, тогаш и жените ќе изгледаат како кралеви или кралици. А тоа важи и за мажите. Тоа се фустани инспирирани од историјата или паралелните универзуми. На нас ни се допаѓа промената во пропорциите. Големите раменици ја прават главата помала – тоа е баш секси, затоа што е ново. Ве тера да ја гледате личноста однадвор, односно има сексуална нота, затоа што ги гледате луѓето со други очи, поинаку – објаснува познатата дизајнерка.

Таа додава дека смета дек Кристи е совршена за тоа. Инаку, актерката е во врска со дизајнерот Жил Декон, а со Вивијан се запознале на една од ревиите.

-Во оваа колекција каде едно исто парче може да го носат и мажи и жени, сфатив дека Гвендолин би била идеална за да го претстави тоа визуелно, затоа ја замолив да биде мое заштитно лице. Таа е атрактивна жена, па ја замолив да се појави и на мојата ревија, што и се случи. Се запознавме и морам да кажам дека таа е мошне интересна жена – објаснува 74-годишната Вествуд.

Овој ангажман за Кристи претставува големо задоволство.

-Соработката со Вивијан Вествуд и фотографот Јурген Телер ми е како остварување на детски сон. За Вивијан е мошне важно да го нагласи нивното активистичко мислење и да создаде колекција која со помош  на убавина и интелигенција ќе се издигне над нашите сегашни родови стереотипи – објаснува актерката. 

Вивијан Вествуд и Гвендолин Кристи

Објавено:
22 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
358 пати