Икеа наскоро ќе лансира колекција со облека

23 јули 2020

Познатата шведска компанија за мебел и домаќинство „Икеа“ наскоро ќе лансира и колекција облека. Во Токио, поточно во квартот Харајуку, кој важи за центар на модата и културата на младите во овој град, неодамна е отворена нова концепт -продавница на Икеа, во која ќе се презентираат и првите парчиња облека.

Како се вели во соопштението за јавност, колекцијата го носи називот „Eftertrada“, што на шведски значи „наследник“. Од тимот велат дека колекцијата, е специјално инспирирана и направена за жителите на Токио. Дуксери со качулка и маици со принт се главните парчиња облека.

Покрај тоа, колекцијата вклучува уште осум производи, но не текстилни.  Пластично шише за вода, крпа за плажа, платнена торба се некои од производите.

Дизајните доаѓаат во бела и жолта боја,а  го вклучуваат и препознатливото лого на Икеа, а некои од производите имаат и голем баркод од популарната полица за книги од колекцијата „Били“.

Новите парчиња облека и генерално производи ќе бидат достапни од 31-јули до 6 август, а се очекува во наредните месеци да почнат да се продаваат и во другите делови на светот и онлајн.

Со овие две парчиња Икеа ќе го испита пулсот кај продавачите, што понатаму би можело да резултира и со повеќе парчиња облека и вистинска колекција облека.

 

Објавено:
23 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
172 пати