Икеа влегува во модната индустрија

29 октомври 2014

Дали модата се врти во круг? Изгледа дека е така според шведскиот автор и бизнис консултант Стефан Енгесет. А, што може на индустријата да и даде повеќе разиграност? Икеа.

„Модата е израз на тоа како треба да се спакува и продаде дизајнот“, вели Енгесет во официјалното соопштение на медиумите.

Енгесет додава и дека Икеа може да понуди облека, но и флексибилни составни делови за мебел кои клиентите можат сами дома да ги склопат без никаков проблем.

„Емоционално, ова ги поврзува луѓето и им наговестува на некој начин каков бил животот порано. Клиентите можат и да ги персонализираат дизајните. Ние веќе гледаме некои купувачи кои одат по продавници и бараат да купат подолготрајни парчиња облека“, објаснува Енгесет.

Икеа еднократно веќе продава ќеси. Следствено на тоа и нивната облека би можела да биде подеднакво практична и посакувана.

Иако идејата е малку апсурдна, бидејќи се поставува прашањето како Икеа ќе им се спротивстави на веќе водечките брендови како што се H & M и Зара и покрај фактот што има добро разработена стратегија и концепт.

„Икеа брои 57 милиони лојални „членови на семејството“до сега, па првичната идеја е тие први да ја имаат можноста да купат облека. Ова ќе биде долго чекорење по модната писта“, завршува Енгесет.

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Актуел