„Иконскиот“ сон на Карин Ројтфелд стана јаве!

1 август 2014

Лејди Гага Лејди Гага

Проектот за кој сонуваше глобалната модна уредничка Карин Ројтфелд, конечно го виде светлото на денот. За септемвриската едиција на американски Harper's Bazaar таа фотографираше 19 жени кои според неа се модни икони.

Лејди Гага, Пенелопе Круз, Линда Евангелиста, Лара Стоун, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Маријакарла Босконе, Стефани Сејмур, Изабели Фонтана, Летиција Каста, Каролин Марфи, Моника Белучи, Џиџи Хадид, Брук Шилдс, Ева Херцигова, Иман, Стејси Мартин и Лорен Хатон се ѕвездените икони кои се дел од животниот проект на Карин Ројтфелд. Реализацијата на концептот  и фотографирањето траеше околу два месеци, од март до мај оваа година. Целосните едиторијали со фотографии ќе бидат објавени во септемвриското издание на списанието, кое ќе се појави во 30 изданија низ различни земји ширум светот.

Лејди Гага Лејди Гага

Епскиот проект носи наслов „Icons“,а покрај Ројтфелд на него работеа креативниот директор Стефан Ган и фотографот Себастијан Фаена. Фотографските кадри на познатите холивудски диви се направени во Њујорк, Лондон и Мадрид. Креациите се целосно стилизирани од страна на Ројтфелд која за потребите на едиторијалите одбра модели од колекциите за есен-зима 2014/15 потпишани од реномирани дизајнерски имиња како Луј Витон, Гучи, Долче и Габана, Диор, Шанел, Comme des Garcons и други.

Лејди Гага Лејди Гага

Покрај одличните фотографии во списанието за месец септември ќе можете да го прочитате и ексклузивното интервју на Карл Лагерфелд, кој зборува за љубовта на неговиот живот мачката Шупет и открива интересни факти и детали за својот приватен живот.

Лејди Гага Лејди Гага

Исто така, повеќе ќе може да прочитате и за Лејди Гага која позираше во креации на Шанел и дефинитивно го оправда епитетот - модел камелеон. Таа уште еднаш ја покажа нејзината неверојатна способност за модна реинкарнација и открива дека животот не може да си го замисли без нејзиното куче Азија, која како и мачката Шупет на Карл Лагерфелд има своја слугинка и третман како што има и самата пејачка.

Лејди Гага Лејди Гага

Во продолжение погледнете ги неверојатните фотографии и видеото кое ќе ви ги открие сите интересни пикантерии кои се случувале зад сцената.

Објавено:
1 август 2014
Категорија: 
Актуел