Иницијатива за стандардизација на големината од конфекциските броеви

12 јуни 2014

Многумина Англичани во последно време се жалаат дека изборот на големини на  облеката  е навистина оскуден. Ова се должи на појавата „alpha sizing“( одредување на величината на облеката со големини со букви - s,m, l, xl...). За овој проблем неодамна проговори  Wall Street Journal со цел да ги предизвика трговците на мало да обрнат внимание во поглед на презентацијата на конфекциските броеви.

Сега и малопродажните брендови како Зара, Гап и Уникло се префрлаат на ваквиот начин на бележење на големините, затоа што е многу поефективно и поевтино. Правењето блузи во пет големини има навистина поголема смисла отколку правењето во десет големини, што би било случај доколку се употребуваат бројки.

Од една страна, ова може да биде добра вест за сите модни консументи. Доколку ви се допаѓа онлајн шопингот, тоа може да биде одлично решение бидејќи ве спасува од метежот по продавници, каде морате да талкате по идеалната големина на парчињата облека што ви се допаѓаат. Но, постојат исклучоци во поглед на тоа, бидејќи не постои стандардизација на големината. Постои недостаток на конзистентност како резултат на нестандардизацијата на големините, па врз основа на неколку мерења направени на слични парчиња облека од продавница до продавница има големи разлики.

Општата загриженост во поглед на диктирањето на големините и фактот дека сè уште постојат луѓе кои не можат да си најдат соодветно парче гардероба е навистина во пораст. Сите брендови имаат сопствена политика во одредување на големини и нивните перцепции не се поклопуваат. Затоа вашите панталони од еден бренд се l, а од друг се m. Нешто што не смее повеќе да се случува.

Какви се вашите искуства?

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Актуел