Од пред два дена па се до 31-ви август во Париз, поточно во музејот „Arts Decoratifs“, е поставена изложба посветена на големиот белгиски дизајнер Дрис ван Нотен. Отворањето на изложбата ја прослави и модната куќа Балман, која во чест на дизајнерскиот гениј приреди забава по ревијата на Париската модна недела. Од оваа изложба, Нотен со светот го сподели патот на својата инспирација, која води кон ренесансата, како и делата на неговите херои: Елса Скепарели и Кристијан Диор, па се до фотофрафии од 80-те години на 20-от век.
Ван Нотен има дипломирано на академијата Antwerp во 1986 година и „преку ноќ“ стана супер дизајнерска ѕвезда, а неговата популарност трае и расте веќе 30 години. Изложбата насловена „Инспирацијата на Ван Нотен“ ја спонзорира стоковната куќа „Barneys“од Њујорк, која всушност почнала со продажба на неговите дела.