Инспиративна мода од улиците на Копенхаген
•
31 јануари 2019
Уличната мода во Данска има една специфична карактеристика – тука доаѓа до израз индивидуалниот стил наместо трендовите облечени од глава до пети.
Галеријата со фотографии од актуелната Модна недела во Копенхаген и тамошната улична мода, само ќе го потврди тоа.
На улиците на Копенхаген особено деновиве, инвентивноста во стилскиот израз е спакувана во исклучително впечатливи, инспиративни улични стајлинзи.
Минимализмот како естетика преовладува, но шаренилото од бои и принтови и неконвенционали споеви е постојано присутно, што особено придонесува за возбудливата слика на уличната мода во Копенхаген.