Insta Man на годината: Стефан Спирковски во стајлинг на Елена Лука како од модна писта

15 декември 2021

Вчеравечер се одржа третиот по ред избор за инфлуенсери на годината
„ U&Z Influencer Awards" во организација на „Колор Медиа Плус".

Оваа година во рамките на конкурсот истовремено се одвиваа два избора, од кои едниот беше наменет за оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови. Другиот избор беше предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи, имаат значителен број на следбеници и остварени соработки.

Во неколку различни категории (Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Art) беа избрани оние за кои публиката покажала најголеми симпатии.

Особено позитивни реакции од публиката имаше за изборот на Insta Man на годината, награда која му припадна на фитнес моделот и персонален тренер Стефан Спирковски.

Шармантен и непосреден, Стефан за настанот специјално беше стилизиран во комбинација од актуелната зимска машка линија на етаблираниот моден бренд Елена Лука. Во префинет капут со впечатлива крзнена јака, елегантни панталони и кошула, Стефан изгледаше како од модна писта.

„Сметам дека основен квалитет на еден успешен инфлуенсер е да биде свој и автентичен. Тоа публиката го препознава и почитува. Јас го практикувам здравиот начин на живот и по тоа публиката ме препознава. Преку моите содржини споделувам вредност и нешто што и самиот го живеам, тоа е мојот реален животен стил", потенцираше во нашиот разговор Стефан.

Вели дека особено е среќен што периодов интензивно соработува со модниот бренд Елена Лука, за фотосесиите на нивната актуелна машка модна линија.

„Чест е да се соработува со еден докажан моден бренд како Елена Лука. Максимално професионален тим и одлична атмосфера за време на снимањата. Ми се допаѓа сѐ што работат и токму затоа вечерва и сум стилизиран во парчиња од Елена Лука" ни кажа Стефан за неговата актуелна соработка со модниот бренд.

Стефан Спирковски повеќе од 10 години практикува здрав начин на живот – фитнес, здрава исхрана и „дружење" со природата. Со својот Инстаграм профил се труди да ги пренесе сите активности на своите следбеници, споделувајќи здрави рецепти кои секојдневно ги конзумира, како и вежби кои ги практикува во и надвор од теретаната, а работи како персонален тренер и модел.

 

Објавено:
15 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.496 пати