Инстаграм профили за мажи што мора да ги следите

6 август 2015

Инстаграм е социјална мрежа со повеќе од 300 милиони активни месечни корисници. Во изминатите пет години, Инстаграм се разви во една од најкористените социјални мрежи од луѓе и брендови.

Токму таму, луѓето и брендовите од различни делови на светот ги промовираат своите нови комбинации, парчиња, колекции, фотографии и што уште не.

 Денеска, решивме да ви откриеме некои од најдобрите страници за стилска инспирација за мажи, каде можете да ги најдете најубавите и најновите комбинации и парчиња.

1.J. Crew

Со повеќе од еден милион следбеници, американскиот бренд J.Crew важи за еден од омилените на бројни трендсетери ширум светот кои ги обожаваат нивните комбинации.

2.Suitsupply

Овој бренд од Амстердам специјализиран за изработка на костими, ќе ви ја донесе најдобрата инспирација во оние моменти кога треба да одберете костим и модни додатоци за некоја пригода.

3.Mr Porter

На фантастичниот профил на Mr Porter секојдневно можете да уживате во уникатниот начин на живот, фотографиите од различни дестинации во светот, но и супер комбинации од кои ќе ви застане здивот.

4.Topman

Инстаграм профилот на Topman е еден од најдобрите за инспирација од уличната мода, за сите оние момци со поинакви модни вибрации кои не се плашат да експериментираат.

5.Uniform Wares

Еден од најдобрите профили за сите вљубеници во часовниците!

6.Reiss

Иако британскиот бренд претежно е насочен кон производство на шик облека, тимот не заборава да нѐ почести и со по некоја фотографија од фенси патувања.

7.Asos

Она што го прави Инстаграм профилот на брендот Асос уште подобар, се фотографиите од сосема обичните луѓе кои се лудо вљубени во нивните парчиња.

Објавено:
6 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
894 пати