Институт доби име по Ана Винтур

15 јануари 2014

Anna+Wintour+Celebrity+Front+Row+Day+4+LFW+lI7YkCZr1Vlx

Ана Винтур е име што секако ќе стане или веќе е дел од модната историја, но Музејот на уметноста Метрополитен (МЕТ) објави тоа ќе го стори на еден поинаков начин.

Кога Иститутот за костими повторно ќе се отвори во мај годинава, со изложба на дизајнерот Чарлс Џејмс, истиот ќе биде реименуван во „Центар за костими Ана Винтур“ (Anna Wintour Costume Center). Од музејот сметаат дека Ана ова го заслужила, не само поради нејзиното место во модната индустрија, туку и поради приходот од 125 милиони долари во текот на 14 години кога била управник на МЕТ, како и 40-те милиони долари за реновирање.

Исто така и годишната Мет Гала забава има тенденции да се преименува во „Забава на Ана“ (Anna's Party).

„Ана Винтур е исклучителен застапник и со помош на финансиските средства што таа успеа да ги донесе, овој уметнички простор стана реалност. Таа има ретка способност да спои различни групи, од различен ранг од индустријата, а со цел да го поддржи овој Институт, а со тоа да им овозможи на посетителите ширум светот да се едуцираат и инспирираат“, вели првиот човек на музејот, Даниел Бродски.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Актуел