Инвазија на големи чанти во Хародс

9 јули 2013

Во излозите на Хародс доминираат гигантски чанти со цел лансирање на новиот луксузен одел на салонот, наменет за исклучително дизајнерски парчиња. Големите чанти од Мулбери, Клое и Фенди ги красат излозите на Хародс, а до нив се поставени чанти со стандардна големина,  со цел да се прикаже минијатурниот изглед во однос на нив.

Околу 20 дизајнери решија да се приклучат кон оваа кампања со ексклузивни лимитирани модни парчиња. Сите вљубеници во модните брендови ќе бидат воодушевени од уникатниот избор во изложбениот салон. Прада по овој повод понуди само една чанта и тоа по цена од 36. 000 фунти, 14 чанти од линијата „Crush Bag“ од Бурбери се продаваат по цена од 1 895 фунти, четирите чанти на Викторија Бекам се продаваат по цена од 2 750 фунти и италијанската модна куќа Фенди се претстави со пет чанти од крокодилска кожа, а сите оние кои ќе сакаат да си го дозволат овој луксуз, ќе треба да одвојат по 17. 500 фунти.

Вработените во Хародс се погрижија сите клиенти да бидат задоволни, па дури и оние кои нема да можат да си дозволат да купат чанта од ограничената едиција. На еден од излозите, тие имаат поставено чанта изработена од минијатурни алатки со цел да примамат насмевка на сечие лице.

Објавено:
9 јули 2013
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
чанти Хародс