Ирис Лоу - Ново лице на модната сцена
•
15 декември 2015
После Ромео Бекам, Патрик Шварценегер, Скот Иствуд, Лили Роуз Деп, се појави уште едно дете на познати родители што се впушти во модните води.
Се работи за 15-годишната Ирис Лоу, ќерката на Џад Лоу и Седи Фрост. Инаку, познатата двојка има и постар син, Раферти Лоу, кој исто така се занимава со мода.
Ирис Лоу
Ирис, која очигледно ги собрала најдобрите гени од родителите се најде во рекламната кампања на Illustrated People x Violetta Francies You, за нивната најнова капсулна колекција.
Седи Фрост и Џад Лоу
Со продорен поглед и темен кармин, нема шанси да не ја забележите веднаш! Во продолжение погледнете ги фотографиите и како младата Ирис позира во интересните пижами.