Историски момент: Халима е првата муслиманка кој со буркини и хиџаб се сликаше за „Спортс Илустрејтед“

1 јуни 2019

Халима Аден (21) е првата муслиманка која се слика за магазинот „Спортс Илустрејтед“ и тоа во хиџаб и буркини. 

Од 1964 година па наваму, годишното издание на магазинот е резервирано за ѕвезди како Тајра Бенкс, Кејт Аптон, Кристи Бринкли, но оваа година понудија нешто сосема ново и испишаа нова историја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sports Illustrated Swimsuit (@si_swimsuit) onMay 8, 2019 at 7:34am PDT

 Ова е првпат да се фотографира модел во ваков стил и да се вклучи во едиторијал, а уште помалку, да ја краси насловната страна. 

Аден, која има сомалиски и американски корени, родена е во Кенија, каде живее до седмата година, а потоа со семејството се сели во САД. Приказната презентирана во магазинот е заокружена со фактот дека едиторијалот е фотографиран во нејзината родна земја. 

Можноста да биде дел од ваков историски момент, да учествува во фотографирање во кое нема да мора да прави компромис со нејзините морални вредности за Халима е мошне возбудливо и важно. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halima (@halima) onApr 29, 2019 at 11:21am PDT

 „Не менувајте се... Променете ја ИГРАТА!! Дами, сè е возможно!!! Да се најдам во Спортс Илустрејтед е огромна работа. Праќа порака до мојата заедница и до светот дека сите жени, со различни приказни зад нив и потекло, изглед... можат да застанат заедно и да бидат славени. Му благодарам за целиот тим на магазинот што ми ја даде оваа неверојатна можност“, вели моделот во Инстаграм објавата. 

Фотографиите ги потпишува Ју Цаи, а Аден носи две буркини, креирани специјално за оваа пригода од Синтија Роули. 

„Халима сега е првиот модел во историјата која носи буркини за Спортс Илустрејтед. Овој момент е голема победа за женското еманципирање, и за шокантните застарени стандарди за убавина и идентитет во индустријата и почестена сум што учествував“, изјави дизајнерката за „Ел“.

Како и нејзините колешки - Пријанка Чопра, Ванеса Вилијамс и Оливија Кулпо и Аден претходно учествувала на избор за уѕбавина. На 19-годишна возраст, учествувала во Мис Минесота САД и дури и тогаш носела хиџаб за време на целиот избор, дури и во претставувањето во бикини. И покрај тоа што стасала само до полуфиналето на изборот, таа потпишала договор за позната агенција „ИМЏ Моделс“ и станала дел од голем број кампањи, едиторијали, а била дел и од бројни ревии, меѓу кои и оние на Канје Вест.

„Никого не форсирам да носи хиџаб. Дури и не проповедам за својата религија. Едноставно, носам костим за капење во кој се чувствувам удобно“, вели Халима за магазинот.

 Погледнете дел од фотографиите од едиторијалот:

Објавено:
1 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
820 пати