Италијанското издание на Вог обвинето за расизам

15 март 2014

Иако цртањето на тело не е нешто ново, не само на пистата туку и во модните едиторијали и друг тип на уметнички фотографии, сепак се случи да предизвика реакции. Се работи за модниот едиторијал инспириран од Африка, односно афричките племиња, објавен во актуелното издание на Вог-Италија. Боите на лицето на менекнката Саскија де Брау, според реакциите се употребени на неприкладен начин.

vogue-nizozemska

Едиторијалот под назив „Абракадабра“, за кој и претходно пишувавме и покрај името, не носи никаква магија, туку веќе потрошена тема, која е често коментирана во контекст на расизам во модната индустрија, сметаат странските медиуми.

Токму во овој контекст се поставува и прашањето, зошто во едиторијал инспириран од „црниот континент“, повторно се користи модел со бел тен.

Црномурестата новинарка од „Хафингтон пост“, Џули Вилсон, коментира како „обоеното лице никогаш не е најдобро решение“, како и тоа дека модната индустрија при реализација на некои идеи често се губи.

„Никогаш нема да ја разбереме модната фасцинација со обоеното лице. Без оглед на тоа колку пати дизајнерите, фотографите и магазините биле „обвинети“ поради култоролошки непримерености, тие и понатаму ќе работат едиторијали со „црни лица“. Овој едиторијал во италијанското издание на Вог за март 2014 го фотографираше Стефен Мејзел, почитуван ветеран во својот занает, а не 14-годишен уметник кој се обидува да биде „провокативен“ и не знае за подобро“, ги коментира спорните фотографии новинарката на The Gloss, Елизабет Ликат.

Разни интернационални изданија на Вог се најдоа во слична ситуација. Минатата година холандското издание објави едиторијал под назив „Херои на наследството“, каде моделите со светол тен  беа обоени во црно, што исто така предизвика негодување во јавноста.

vogue-italia-abracadabra-2

„Посебно е вознемирувачка појавата на боење на лицето во модната индустрија во која инаку веќе има проблем на давање на предноста на моделите со бела кожа.Етничките модели, дури и оние многу успешните често се среќават со расна дискриминација. На црните моделите клиентите често им велат дека нема да ги ангажираат бидејќи веќе имале еден црн модел. Често се среќаваат и со визажисти и фризери кои одбиваат да соработуваат со нив, па врз основа на тоа велат дека им е потешко да се пробијат во модната индустрија“, вели Џена Суарез за Jezebel.com.

Освен критиките на новинарите во различни медиуми, после овој едиторијал и Твитер заедницата беше активна. Така, разни коментари кои го следат ставот дека боењето на лицето е расизам и непочитување.

На оваа тема неодамна зборуваше и Џордан Дан и тоа токму за Вог, но за изданието Мис Вог.

„Агентите се многу чудни кога ќе ми кажат: „Ти си единствената црномуреста манекенка за оваа ревија. Нели е тоа одлично? Зошто би било одлично? Не знам зошто луѓето ги поддржуваат дизајнерите кои имаат само еден „етнички“ модел на ревија. Модата не ја сака само еден тип на жени“, вели моделот.

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Актуел