Ивана Караџова од Моделс Ин претставена на изборот за „Лице на годината“

19 октомври 2016

На гламурозниот настан и финале на регионалниот избор за „Лице на Годината 2016“, кој ги собра сите позначајни и еминентни претставници и уметници од севкупната модна фела, беше претставена и Ивана Караџова (16 год.) од модната агенција Моделс ИН од Скопје за Лице на Годината за Македонија 2016. 

Караџова заедно со другите финалистки веќе патува за Сицилија каде ќе ја претставува Македонија на овој престижен избор за најубаво лице на светот „The Look Of The Year 2016“. 

„The Look Of The Year 2016“ во соработка со модната агенција Model Scouting Office, низ овој проект ќе ја пласира нашата Ивана во врвот на интернационалниот моделинг. 

„The Look Of The Year“ и Мodel Scouting Office се многу горди со досегашните резултати и пласмани, ако се земе во предвид дека токму нивните лица на годината се прогласени за „Лице на светот“ веќе три години по ред, каде со понатамошните ангажмани го оправдаа нивниот успех на модните писти во Париз,Лондон,Милано... 

Објавено:
19 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
558 пати