Излегоа првите фотографии од календарот на „Пирели“ за 2017

29 ноември 2016

„Пирели“ ги објави првите неколку фотографии од календарот за претстојната 2017 година.

Питер Линдберг се потпишува зад фотографиите годинва, а оние на Робин Рајт, Џулијан Мур, Ума Турман и Никол Кидман се првите што публиката има можност да ги види.

Ума Турман

Секоја од актерките позира во препознатливиот стил за фотографот, сосема природни и убави, без фотошоп и дополнителни филтри, со што „Пирели“ одлучија да ја продолжат естетиката од минатата година кога за фотографиите беше задолжена Ени Лебовиц.

Работниот наслов на Линдберг гласи „Емоционално“, со цел да се нагласи неговата идеја е да „креира календар не на совршени тела, туку на сензитивност и емоција, и на соголени души“, се вели во соопштението на брендот.

Робин Рајт

Инаку, ова е трета соработка на Питер со „Пирели“. Претходно беше задолжен за изданијата на календарот во 1996 и 2002 година.

Покрај четирите актерки чии фотографии се објавени, во календарот ќе се појават и оние на Џесика Честен, Пенелопе Круз, Руни Мара, Хелен Мирен, Лупита Нјонго, Шарлот Ремплинг, Леа Сејду, Алисија Викандер, Кејт Винслет, Занг Зији и Анастасија Игнатова, професор на Теорија на Политиката на Московскиот државен универзитет за интернационални односи.

На календарот се работеше помеѓу мај и јуни годинава и тоа на неколку локации, вклучувајќе ги и Берлин, Лос Анџелес, Њујорк, Лондон...

Џулијан Мур

-Мојата цел беше да направам портрети на жени на еден поинаков начин, па на овие актерки, кои играат важни улоги и во мојот живот, им се приближив колку што е можно поблиску и ги фотографирав. Како уметник, се чувствувам одговорен за ослободување на жените од идејата за вечната младост и совршеност. Идеалот на убавина промовиран од општеството е нешто што едноставно не може да се постигне – објаснува Линдберг.

Никол Кидман

Брендот најави дека комплетниот календар ќе биде промовиран во текот на утрешниот ден.

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
989 пати